ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Не се размислува за нови мерки во училиштата, вели Царовска

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска информираше дека состојбата во училиштата во однос на ковид пандемијата е стабилна и дека не се размислува за поинакви мерки од оние кои сега се применуваат.
„Сите протколи се спроведуваат. Немаме интерно ширење на болеста, така да е стабилно“, рече Царовска.
Таа пред десетина дена изјави дека поради пандемијата, школската година ќе биде завршена како што и почна, со хибриден систем, односно физичко присуство и онлајн настава.