МАКЕДОНИЈА

Владата усвои агенда „Европа дома“ за примена на европски стандарди и вредности

Владата денеска ја усвои Агендата „Европа дома“ во која што се преточени принципите и заложбите поставени како приоритет во владината  акција 21 со која, како што објави премиерот Зоране Заев,  е потврдена одлучноста да се имплементираат европските стандарди и вредности во секој сегмент на нашето општество.

Advertisements

Станува збор за агенда на Владата и за другите институци како што се Собранието, правосудните органи, Државната изборна комисија, Држваната комисија за спречување на корупцијата, како и  други агенции и комисии кои во соработка со Владата  ќе ги завршат преостанатите активности за целосна европеизација на системот и на нивната работа според стандардите на ЕУ како  наши одредници.

-Агенда дома е своевиден роковник со утврдени активности и нивни носители кои во точно одреден рок треба да ги завршат своите обврски  за да ги унапредиме институциите и системоѕ. Преку тоа граѓаните  ќе добијат подбри услуги и подбар живот и уште еднаш да докажеме дека Сецерна Македонија го заслужува местото  во ЕУ и дека природно припаѓа во европското семејствонарод, рече  Заев на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања  Никола Димитров, на која присуствуваат и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министрите за правда и за финансии Бојан Маричиќ и Фатмир Бесими.

Документот е подготвен врз основа на обврските кои сме ги во рамките на заедничките тела меѓу Северна Македонија  и ЕУ а кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и препораките на Европската комисија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button