МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема кворум во Собрание, нема мнозинство, бара техничка влада затоа што е слаб

Заев нема кворум во Собрание, нема мнозинство, тој бара техничка влада затоа што е слаб, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Во партиското соопштение меѓудругото се додава:

Зоран Заев ја доведе државата и институциите до момент на нефункционалност. Желбата за власт по секоја цена ја закочи државата.

Собранието и вчера не можеше да функционира исто како што не може да функционира веќе месеци наназад.

Институциите се сосема нефункционални. Заев гласајќи и мерејќи ја својата самодоверба, само си ги продолжи маките, и негови, но и на државата.

Заев знае дека тоне. Тој ја донесе Македонија до скоро 7 милијарди јавен долг, нови 55.000 невработени, 6200 затворени фирми. Нема вакцини, нема лекови по аптеките. Заев е неспособен и време е да си замине.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button