
Црна Гора побара од Европската унија и НАТО итна помош во здравствени работници, кои ќе им помогнат во борбата против вирусот, бидејќи, како што изјави министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ѓорѓе Радуловиќ, нивниот здравствен систем е пред колапс.
Во писмото до колегите во земјите-членки на ЕУ, Радуловиќ побара, доколку се во можност, итно да испраќаат лекари, техничари и друг медицински персонал во Црна Гора, пишува Побједа.
Забележано е дека владата не ја известила црногорската јавност за овој апел до Европската унија.
Наводно, се бара поддршка во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за да се обиде да ја стави под контрола епидемијата во Црна Гора.