ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Молк од Собранието, законот за помош за плати цел месец не е ставен на расправа

Втор ден Алсат не добива одговор од Собранието, зошто предлог Законот за финансиска поддршка за плати на вработените е ставен на дневен ред само неколку дена пред истекот на рокот за аплицирање на компаниите. Од Собранието одговор најавија за утре. Во меѓувреме добивме потврда од пратеничката група на СДСМ дека ќе сторат се законот што поскоро да се донесе и работниците навремено да ги добијат ветените пари.

Advertisements

„Ќе направиме се што е потребно, ако треба и со амандман ќе го пролонгираме рокот за аплицирање за оваа мерка од петтиот пакет економски мерки“, наведуваат од СДСМ.

Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи тврди дека предлог Законот за поддршка на плати владата го испратила во собранието на 16ти февруари, и не знае која е причината што досега законот не е испратен во матичната комисија. Битиќи и денеска им посочи на пратениците, да се фатат за работа и да си ја заработат платата.

„За жал законодавната власт е независна и тие сами одлучуваат што е приоритет. Но јас вчера укажав, не како функционер туку како човек како татко, дека побарав да го прават тоа што би го направиле за своите деца, затоа што нечии деца утре задутре ќе останат без храна, затоа што некој едноставно не го прави тоа што е платен и за што е избран“, вели Битиќи.

Вчера и од ВМРО-ДПМНЕ за Алсат изјавија дека нема да го блокираат законот за поддршка на платите. Инаку, законот е ставен на пленарна седница на 23 март, а рокот за аплицирање на фирмите погодени од ковид кризата е заклучно со 30 март. Доколку не се пролонгира рокот можно е оваа владина мерка која гарантира минималната плата за работниците за февруари и март да падне во вода.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button