ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради корона Општина Охрид затворена за странки

Граѓаните и фирмите кои имаат било каква потреба од услуги во општина Охрид ќе може да се обратат само на телефон или на електронските адреси на одделенијата и секторите. Зградата на општината од денеска е затворена како превенција од растечкиот бран со заболени од корона вирусот.

Advertisements

„Оваа мерка се воведува со цел да се обезбеди поголема заштита на граѓаните и на вработените од ширењето на корона вирусот и обезбедување на услови за побезбедно функционирање на општинските служби. Мерката ќе важи до стабилизирање на состојбата“, наведуваат од Општината.

Во меѓувреме, забрзано се полнат капацитетите на општата градска болница. Освен модуларната болница, полно со пациенти е и одделението за геријатрија, а се зголемува и бројот на ковид позитивни згрижени и на интерното одделение.

„Ако се зголеми бројот, тогаш невропсихијатрија ќе се пресели во хируршкиот блок и таму ќе се примаат позитивни пациенти. Имаме зголемување на амбулантни случаи, имаме зголемување и на хоспитализации. Ситуацијата се менува од час во час“, рече Горан Балев- директор на општа болница Охрид.

Во болницата во Охрид во моментот се хоспитализирани 63 пациенти. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Во струшката болница ситуацијата е подобра. Таму се хоспитализирани 18 пациенти.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button