ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ бара пописот да се одложи за септември, а локалните избори да се одржат во ноември

ВМРО ДПМНЕ бара пописот да се одложи за септември, а локалните избори да се одржат во ноември. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку писмо барањето го испрати до странските амбасадори во земјава, оправдувајќи го со влошување на состојбата со пандемијата. Според него, влошената епидемиолошка состојба дополнително би го загрозила здравјето на граѓаните доколку пописот се одржи во април.

Advertisements

„Јас се сомневам во потребата од кредибилен попис, но во моментот не е време за тоа. Ние мора да бидеме фокусирани пред се, и над се, во борбата против здравствените предизвици со кои се соочуваме. Кога ќе заврши здравствената криза, можеме да се вратиме на пописот“.

Во писмото упатено до амбасадорите, кое Мицковски го напиша од Клиниката за инфективни болести, каде се лекува од ковид19, лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели дека до септември ќе има време да се обезбедат вакцини, за граѓаните да бидат побезбедни. ВМРО ДПМНЕ очекува во Собранието на дневен ред да влезе иницијативата за одложување на пописот, што беше поднесена заедно со над 100 илјади потписи на граѓаните. За одложување на пописот, иницијативи има и од Националниот блок „Не отворам врата“ предводен од Јанко Бачев. Сепак, продолжува он лајн пописот на дијаспората, кој започна на 1 март, а како што објавија од Заводот за статистика, досега се регистрирани над 47 илјади граѓани. Физичкиот попис треба да започне на 1 април и да заврши на 21 април.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button