МАКЕДОНИЈА
Маричик: Секој разрешен судија има право на жалба

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, на забелешката на новинарот дека причините за последното разрешување на една судијка би можело да се коментираат како несуштински пропусти во работата, одговори дека секоја одлука донесена од страна на Судскиот совет е донесена реално и оти против неа може да се поднесе жалба.
„Тоа што се чини несуштинско не мора да значи дека е несуштинско и за членовите на Судскиот совет, или за судството и неговата репутација…за да гласаат 11 или 12 членови на Судскиот совет треба да имаат добро образложени причини. Како и да е, постои постапка, во која разрешените судии имаат право на жалба и ќе видиме дали ќе се потврди тоа или не“, рече Маричиќ.