ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вархеји: Албанија ги исполнува условите, Македонија и Бугарија да најдат решение

Еврокомесарот за проширување на Европската унија (ЕУ), Оливер Вархеји, од Економскиот форум што се одржува во Тирана, порача „Македонија да го одржува темпото на спроведување на реформите, но важно е брзо да се најдат заеднички прифатливи решенија за билатераните прашања со Бугарија“.

Advertisements

Во однос на проширувањето на Унијата, Вархеји рече дека новата методологија во Унијата влијаела на нацрт преговарачките рамки за Албанија и за Македонија, а земјите членки се уште не постигнале согласност и дека дискусиите продолжуваат. Тој, како што рече во обраќањето, се надева дека првите меѓувладини конференции ќе се одржат што е можно поскоро, за време на Португалското претседателство со Унијата.

За Албанија рече дека се исполнети сите услови, а за Македонија дека е важно да најде решение за прашањето со Бугарија.

„Комисијата смета дека за првата меѓувладина конференција со Албанија за почеток на преговорите со ЕУ се исполнети сите услови, благодарение на важните реформи во изборниот закон, владеење на правото и во судскиот систем, вклучувајќи го и ветингот на судиите и обвинителите. Северна Македонија го одржува темпото на спроведување на ЕУ реформите, но важно е брзо да се најдат заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија“, рече Вархеји

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button