ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО: Пратениците да немаат двојно државјанство, СДСМ поддржува, ДУИ против, албанската опозиција ќе блокира

ВМРО-ДПМНЕ предлага закон со кој би се забранило пратениците да имаат друго државјанство освен она на С. Македонија. Според нив, целта би била да им се стави крај на лагите на Владата, како што велат, пласирани преку пријателот на премиерот Заев, бугарскиот вицепремиер Каракачанов. Тој објави имиња на македонски граѓани за кои тврди дека имаат и бугарско државјанство и право на глас. Одредбите се предлагаат да важат и за сегашните пратеници.

Advertisements

„Очекуваме пратениците на СДСМ и другите политички партии да ја поддржат оваа законска измена и да стават крај на оваа тема, така што отсега натаму изборот на лица за пратеници да биде само на оние со државјанство од Македонија.“

Предлогот на македонската опозиција ќе ја има поддршката и од СДСМ.

„Секако дека го поддржуваме тој предлог-закон. Нашиот став е дека тој закон треба биде усвоен и да важи и за сегашниот состав на Собранието.“

Но, ДУИ е против ограничување на државјанството за пратениците и за политичките претставници во извршната власт.

„Темата за двојно државјанство е исцрпена и тоа е дозволено со нашиот закон. Мислам дека не можеме да дискриминираме ниту еден граѓанин, без разлика дали е министер, пратеник или кој било граѓанин на нашата земја.“

Албанската опозиција, покрај тоа што се противи на овој предлог, најавува и негово блокирање.

„Во моментов ние сме во фаза на блокирање. Ако овој закон дојде додека немаме договор, ќе го блокираме.“

Во моментот, условот да немаат и друго државјанство важи за дипломатските претставници и за вработените во безбедносните органи.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button