ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа е хоспитализиран 31 пациент

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 436 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и работат ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.
Во последното деноноќие на Интерните клиники имало 23 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.