ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Голем пожар во Тетово, стан потполно изгоре

Неколку лица побараа лекарска помош во големиот пожар што избувна во стан во близина на старата зграда на Универзитетот во Тетово, дознава Алсат.

Advertisements

Пожарот избувнал околу 12:30 часот, а во моментот во станот немало никој. Противпожарната служба интервенирала со три возила и 9 пожарникари. Најпрвин биле евакуирани сите жители на зградата, а потоа пожарот бил локализиран. Според првите информации, причина за пожарот бил електричен грејач.

„За кратко време го ставивме пожарот под контрола и ги евакуиравме жителите од становите. Мислам дека сè беше направено како што треба затоа што не дозволивме пламенот да навлезе во другите станови“, рече Ука Алити, командант на противпожарната бригада.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button