ЕКОНОМИЈА

Откупот на вишокот тутун сѐ уште не е започнат

Договорениот откуп на вишокот произведен тутун сѐ уште не е започнат. Од денеска стапија на сила измените во Законот за тутун со кои се продолжи рокот за откуп до крајот на месецов. Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа е убеден, дека целиот вишок кој отприлика изнесува 1.500 тони ќе биде откупен. Според него, мора да се изнајде решение за откупот на тутун бидејќи и оваа година договореното производство било 23 илјади тони, а досега има откупено 2 илјади тони повеќе од договореното.

Advertisements

„Реално секоја година имаме вишок што ако гледаме детално тоа е вон законски, значи секој произведен тутун надвор од договореното е противзаконски. Секако станува збор за категорија на луѓе што ние не можеме да применуваме закони за една категорија каде има значајна економска и социјална улога во државата и затоа се обидуваме да изнајдеме решение за зголемување на количините“, рече Аријанит Хоџа- Министер за земјоделство, шумарство  и водостопанство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button