ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за транспорт и врски се прогласи за ненадлежно за дивоградбите во скопската Чаршија

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски сѐ уште не го видел извештајот на Државниот градежен инспекторат, во кој се наведува дека во Старата скопска чаршија има најмалку пет дивоградби. Бочварски тврди дека за тоа прашање тој нема ингеренции, туку дека е надлежен Инспекторатот за градба. Ресорниот министер не знае колку дивоградби има во чаршијата во Скопје, со образложение дека тоа треба да го знае општината.

Advertisements

„Ние ги запазуваме сите сите аспекти во однос на издавање на одобрението за градби од прва категорија какви што се во Старата скопска чаршија. А, за аспектот на инспекторатите е секако под Инспекцискиот совет и таа состојба секако не сакаме да ја избегнеме во однос на ова прашање, но не е во директни ингеренции на министерството за транспорт и врски“, рече министерот Бочварски.

Повеќе од шест месеци извештајот со наодите за бесправно изградените објекти на Градежниот инспекторат е во владината зграда. Но, засега никој од надлежните не сака да каже што ќе се случи со дивоградбите кои се во место прогласено за култирно наследство од особено значење за државата. Инаку, владата преку законски измени ќе го продолжува рокот за пет години за легализација на дивоградбите кои се во процедура и ќе може да добијат дозвола за едно евро за квадратен метар.

Законот првично беше донесен во 2011 година. А, во собраниска процедура е и нов предлог Закон за легализација на дивоградби кој предвидува сопственикот на бесправно изградениот објект во општината да плати 50 отсто повисоки комуналии како казна дека градел без да има целосна докуметација.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button