ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АНБ без одговори за апсењето на Камчев

Два дена откако Орце Камчев беше уапсен и притворен, Агенцијата за национална безбедност сè уште не дава објаснување – каде, како и зошто ќе бегал бизнисменот? Алсат уште вчера испрати прашања од Агенцијата, но одговор на овие дилеми нема. Камчев беше лишен од слобода во неделата по сознанија на АНБ дека можеби подготвува бегство. И додека Агенцијата молчи, Центарот за европски стратегии „Евротинк“ смета дека надзорот врз работата на оваа институција, може да го добие одговорот како АНБ соствила службена белешка за Камчев.

Advertisements

„Во еден идеален свет можеби би кажале, но јас мислам дека немаат обврска на јавноста да ѝ кажат, но тука доаѓаме до моментот на надзор. Веројатно на некое надзорно тело би било добро да објаснат и да дадат одговор на ова прашање“, рече Александар Стојановски, „Евротинк“.

Во недостиг на официјални информации од институциите и денеска јавната сцена за препукувања околу Орце Камчев ја имаа партиите. Прво СДСМ.

„Мицкоски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се растрчани во одбрана на Орце Камчев. Ова, почитувани граѓани, покажува дека големи се хипотеките на Мицкоски кон тајкунот на режимот Орце Камчев. Христијан Мицкоски не е ништо друго освен потрчко на Камчев, Мијалков и Груевски“, рече Константин Костадинов, СДСМ.

Па, следуваше и ВМРО – ДПМНЕ.

„Го апси ли Заев Камчев за да не пропее за Рекет?! Дали Заев се плаши дека Камчев ќе каже каде завршиле парите од Рекет?! Се плаши ли Заев дека ќе се потврди сведочењето на Бојан Јовановски – Боки 13, дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви?!“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Камчев е осомничен во случајот „Плацеви на Водно“ – салучај за кој доби 30 дневен притвор. Освен него, за истото осомничени се Никола Груевски и неговиот кум Ристо Новачевски, како и Сашо Мијалков.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button