Мицкоски: Полициски час, луѓе умираат, а луѓето од власта на одмор во Мексико и Дубаи, на човек да му се згади

Секој ден е нова борба со животот. Што направија луѓето од власта? Заминаа на одмор во Мексико и Дубаи. Трошат по еден стан за еден одмор, реагира денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во постот објавен на неговиот фејсбук профил се наведува:
-Над 60 илјади граѓани ги загубија своите работни места;
-Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден;
-3364 наши сограѓани ги загубија животите поради корона;
-Имаме жестока здравствена криза и полициски час.
Од таквата одлепеност од реалноста на човека му доаѓа мачнина и гадење.
Дезертери и криминалци ја водат земјата.
-Над 60 илјади граѓани ги загубија своите работни места;
-Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден;
-3364 наши…Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, March 17, 2021