Нема нови рестриктивни мерки, останува интервалот на полицискиот час

Нема нови ограничувачки мерки за заштита од ширење на Ковидот. Полицискиот час останува на сила од 22.00 до 5.00 часот наутро. За нова евентуална одлука, Комисијата ќе се состане следната недела.
Британскиот тип на вирус брзо се шири. Министерот за здравство рече дека ова зголемување се совпаѓа со врвот на третиот бран на пандемијата, каде од 15 февруари до 15 март е регистрирано зголемување од 5 илјади нови случаи.
Филипче објави дека до крајот на март или почетокот на април се очекува да пристигнат 100 илјади вакцини преку механизмот Ковакс. Руските вакцини исто така се очекува да пристигнат до првата недела од април, со што би се започнало вакцинирање на населението. Филипче призна дека снабдувањето со вакцини не оди со посакуваната динамика.
Во меѓувреме, многу европски земји привремено ја суспендираа вакцината Астра Зенека, по извештаите дека истата предизвикува згрутчување на крвта. Но, експерти од оваа област, како што се албанските научници Детина и Аргина Зали, објавија факти кои ја фаворизираат европската вакцина. Меѓу многуте причини, тие го објавија извештајот за обдукцијата на италијанскиот учител за кој се тврди дека починал откако бил имунизиран со Астра Зенека, образложувајќи дека тој починал како резултат на проблеми со срцето, а не од имунизација. Експертите Зали исто така додадоа дека придобивките од оваа вакцина се многу поголеми, отколку згрутчувањето на крвта.
Вјолца Алити