ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сослушани двајца сведоци од одбраната за ,,Организатори на 27 април”

На денешното рочиште за „Организаторите на 27 април” во Кривичниот суд Скопје сведочеа двајца сведоци предложени од обвинетиот Владимир Атанасовски. На почетокот од рочиштето судот извести дека до нив е пристигнат допис од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во кој се вели дека на предложените сведоци им се забранува изнесување на класифицирани информации.

Advertisements

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Според обвинителниот акт за овој предмет, тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button