ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Епидемиолошката состојба во земјава клучен фактор за начинот на реализација на пописот

Епидемиолошката состојба во земјава ќе биде клучен фактор за реализација на пописот. Во емисијата „Патот кон“, заменик директорот на Заводот за статистика Илми Селами рече да не се одложува овој процес, а добра можност би било да се продолжи рокот. Но, според него, за ова прашање, Собранието треба да донесе измени во одредбите на сегашниот Закон за попис.

Advertisements

„Има два начина ако влегуваме во оваа процедура. Првиот начин е за да се пролонгира процесот или вториот начин за да се продолжи пописниот процес од 1 април да не заврши на 21 април туку да биде 30, 40 дена итн.“, вели Селами.

Опозицискиот пратеник на Алијанса за Албанците, Халил Снопче рече дека овој процес мора да се реализира. Според него, во интерес на државата и нацијата е да се мобилизираат сите структури за спроведување на пописот.

„Нема никаква врска со политичките партии, овој процес нема никаква врска со други прашања, сите Албанци мора да ја исполнат оваа обврска. Нормално, ако дијаспората треба да ја исполни оваа обврска однадвор, добро е да не оставаме на случајност и да се попишуваат роднините или некој одвнатре. Како дел од ова, нашата партија ги направи своите штабови, сите партиски структури се трансформирани во локални штабови за да обезбедат поддршка. Ние во дијаспората имаме свои организации кои се ангажираат“, вели Халил Снопче, пратеник на АА.

За оние кои живеат во странство , а кои немаат можност да се регистрираат на електронската платформа, законот дозволува истите да се регистрираат преку членови на семејството во нивните матични земји.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button