ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Казнети 178 возачи во Скопје, 53 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 5 за возење без возачка дозвола, 9 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Advertisements

Изречени се 12 санкции за користење мобилен телефон, пет санкции за некористење сигурносен појас, две за минување на црвено светло и 58 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button