ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сѐ уште нема решение за проблемот со водата во Тетово

Повеќе без вода отколку со вода. Вака поминува денот на тетовци, што се должи на второто оштетување во рок од десет дена, на главните цевки во Лешница поради свлечиште. Жителите, за дневни потреби, се принудени да купуваат вода или да полнат буриња во тие неколку часа кога има вода. Револтираните жители бараат општината еднаш засекогаш да го реши проблемот.

Advertisements

„Имаме големи проблеми, за да вршите некоја работа треба да ги миете рацете, водата не ти треба само два- три пати на ден туку треба вода на секои пет минути. Општината треба еднаш и засекогаш да ги реши сите проблеми, не само водата. Тетово се соочува со многу други проблеми, но најважна е водата. Ова се повторува секоја година или две, не се сеќавам да поминала една година без проблеми“…

“Има многу вода, но не работат, ги земаат парите и ги крадат, Бог знае каде ќе завршат. Ако општината го стореше тоа еднаш- засекогаш, немаше да има проблеми“, реагираат жителите.

Комуналното јавно претпријатие предупредува на привремено решавање на проблемот, но според нив трајно решение во моментов е невозможно.

“Во моментот, трајното решение не може да се реализира бидејќи климатските услови и локацијата не даваат можност за ад-хок постапка за долгорочно решение, а ние како компанија не можеме да го реализираме затоа што бара истражување а тоа го прават други институции“, рече Лулзим Шаќири Раководител на сектор за водовод и канализација.

Рестрикциите за вода започнуваат од полноќ до пет часот наутро, потоа од 8 и 30 до 11 и 30 и попладне од 15 до 18 часот.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button