ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собрание, коалицијата Алијанса-Алтернатива поднесе 19.000 амандмани

Колацијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесе над 19 илјади амандмани за десет предлог-закони кои денес се најдоа на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Меѓу нив се најде и предлог-законот со кој на 23 илјади граѓани ќе треба да им се доделат шест илјади помош. Тие претходната година поради кусите рокови не успеаја да си ги подигнат парите кои беа доделени како помош од државата. Од коалицијата велат дека приоритет им е законот за државјанство и доколку власта сакала парите да стигнат до граѓаните, предлог-законот ќе го поднела по скратена, а не по редовна постапка.

Advertisements

„Денешната седница на комисијата имаше десет предлог закони. За сите доставивме амандмани, некаде над 19.500 амандмани. Целта е да го спречиме сегрегацискиот третман на граѓаните….“, рече Елми Азири-пратеник од Алијанса за Албанците.

Предлог-законот за финансиска поддршка беше доставен во Собранието уште на 14 јануари, а дури сега стигна во Комисијата за финансирање и буџет. На листата на оние кои треба да добијат по 6.000 денари се самохрани родители, пензионири со ниски пензии, деца без родители и уметници. Поради кустите рокови 23 илјади граѓани лани не успеаја да отворат нова сметка во банките или да си ги ажурираат податоците, по што Владата реши да го продолжи рокот за нивната исплата до 30 март.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button