Иницијативата за изградба на основно училиште во Идризово остана во заборав

Со пандемијата како да се заборави иницијативата за изградба на основно училиште во селото Идризово, општина Гази Баба. Од општината не добивме одговор што се случило со оваа иницијатива, и дали соодветната документација е доставена до Министерството за образование. Родителите од село Идризово се револтирани од небрежноста на институциите. Велат дека тие си играат со судбината на учениците од Идризово, кои од шесто до деветто одделение не можат да учат на албански јазик во основното училиште „Његош“ во Јурумлери.
utube.com/watch?v=1O4kl2wG9M4
„Ако може во селата во Мариово, за еден ученик да патува наставник секој ден за да предава на македонски јазик, тогаш зошто да не може истото и за нашите ученици. Последниот одговор е дека градоначалникот и министерката за образование, Мила Царовска се однесувале многу лошо, дури не сакале да одговорат, или пак да одржиме состанок со нив, како родители и да најдеме решение. Тие цело време не игнорираа како да не постоиме.
Исто така, поставивме прашања до Министерството за образование за ова прашање. И од оваа институција не добивме одговор. Во октомври минатата година, министерката Царовска изјави дека ова училиште може да започне со изградба откако ќе се обезбедат градежните дозволи и соодветниот проект. Дотогаш, учениците од Идризово се должни од 6-9 одделение да го продолжат во скопските училишта, или во селото Огњава во општина Петровец.
„Тешко е, далеку е, мора да патуваме. На албански јазик би сакал да учам, тоа е мојот јазик, полесно е. Дали сте размислувале да одите во некое од училиштата? Далеку е, но не сакам да се делам од пријателите.
„Сакам училиштето да се изгради побрзо. Ни ветија неколку пати, се надеваме дека ќе се изгради училиштето. За нас кои сме мали, тешко е да одиме во други села.
Во 2019 година, Општина Гази Баба го одби барањето за отворање на албански паралелки од шесто до деветто одделение во ОУ „Његош“ од Јурумлери. Потоа донесе одлука да изгради ново училиште во Идризово каде што ќе учат сите деца од селото.
Мелихате Рустеми