Членовите на СДСМ денеска гласаат на првите директни избори за партиски лидер на кои актуелниот претседател на партијата, Зоран Заев, е единствениот кандидат

Членовите на СДСМ денеска гласаат на првите директни избори за партиски лидер на кои актуелниот претседател на партијата, Зоран Заев, е единствениот кандидат. Од партијата велат дека гласањето тече со почитување на протоколот за заштита од пренесување на коронавирусот и без какви било проблеми. Изборот го спроведува Централната изборна комисија на СДСМ во сите 80 општински организации, а се гласа на 237 избирачки места. За гласање пријавени се 68 999 членови. Излезноста до 12 часот е 46 проценти. Гласањето започна во осум, а треа до 19 часот. При овие партиски избори неизвесно е само кои ќе бидат најблиските соработници на идниот партиски претседател со оглед на најавените кадровски промени. Инаку, не се очекуваат поголеми изненадувања во поглед на исходот од гласањето бидејќи реизборот на Заев е повеќе од извесен.
„Иако станува збор за еден кандидат сепак партијата дозволи да има повторно демократија и можност секој член да си го каже и оствари своето право и својот глас.“