ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Доцни реновирањето на Бит Пазар

Дел од трговците во Бит Пазар денеска протестираа против одолговлекувањето на работите на овој пазар. Според нив, при реновирање на платформите на пазарот,  работите сè уште не се завршени, држејќи го во заложништво просторот од 120 тезги. Овие трговци се жалат дека не можат да работат во условите што им се ветени додека плаќаат киријата од околу 75 евра месечно. За тезгите што ги немаат, велат дека им дале привремени простори далеку од стандардите за работа.

Advertisements

„Тогаш се консултиравме дека работите ќе завршат за 3 месеци, тоа не се случи и оваа состојба е 10 месеци. За време на пандемијата само дае месеци ни ја укинаа киријата, а за 8 други месеци ниту по 1 илјади денари не попуштија. Тие ги земаат нашите пари што се даваат за компаниите од државниот буџет, бараме со инвеститорот да се консултираме , но тој не се јавува ниту на телефон.

Оваа група од десетици трговци го изразуваат своето незадоволство дека ги изгубиле муштериите од дислоцирањето на тезгите, барајќи овој проблем да се реши пред почетокот на месецот Рамазан, време за кое се очекува да се зголеми потрошувачката на прехранбени производи.

Беќир Куртиши- Трговец

 „Нашите клиенти нè познаваа знаејќи дека сме тука, сега во тој дел е еден а другиот тука. Работите се измешаа и слабо оди продажбата. Има некои што останаа без тезги, каде што ги имаа точно во центарот на чаршијата и сега ги нема никаде. Не во центарот, но ги нема никаде“.

 Од комуникацијата што ја имавме со дирекцијата на „Скопски пазар“ ни беше кажано дека доцнењата се предизвикани од изведувачот на проектот, односно  поради грешки во структурата на железниот покрив  овој дел од пазарот останал незавршен.  Тие бараат разбирање од трговците ветувајќи дека тоа ќе се реши во рок од еден месец.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button