ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И по Заев – Заев! ВМРО: „Изборите во СДСМ беа бизарни“

Откако беше реизбран за лидер на СДСМ, Зоран Заев вети дека ќе донесе нова енергија и нова политика во партијата. Откако му беше доверен уште еден мандат на чело на социјалдемократите, Заев изјави дека ќе направи и кадровски промени. Но, додаде дека тие нема да значат дека ќе има промени и во владините ресори.

Advertisements

Портпаролот на СДСМ вели дека е рано да се зборува за нови партиски кадри.

Сега следуваат внатрешните избори во СДСМ најавени за мај. Тогаш ќе се бираат потпретседателите и генералниот секретар. Во меѓувреме реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, вчерашните избори во СДСМ со само еден кандидат се бизарни. Мицкоски  обвини дека владејачката партија ги користела дури и училиштата за партиско гласање и нагласи дека по овој случај министерката за образование треба да си даде оставка.

„Никој во СДСМ не се осмелува да му се спротивстави на единствениот кандидат на изборите, Зоран Заев. Затоа 69 илјади гласачи на СДСМ на гласачкото ливче имаат име кое мора да го заокружат. Доколку не го заокружат, сигурно ќе добијат официјални опомени од обвинителството и партискиот суд.“

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски дека изборите се одржувале и во училиштата и надвор од протоколите за заштита од Ковид- 19, СДСМ ги демантираше и ги нарече лажни вести.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button