Повредените од експлозијата на плин во Матејче, надвор од животна опасност

Шестте лица од Матејче, општина Липково кои беа повредени синоќа при експлозија на плинска боца се надвор од животна опасност. Имаат изгореници од втор степен, главно на телото, вратот и рацете. Инцидентот се случил кога повредените решиле да ја поминат ноќта во викендицата што се наоѓа во близина на селото. Но, во неа немало струја, па првите сомневања на инспекторите се дека тие користеле плин за осветлување. Алсат денеска беше на локацијата која се наоѓа на тежок планински терен.
Ова е викендичката која се наоѓа на околу 5 км од селото Матејче во општина Липково каде синоќа експлодирала плинска боца, а 6 лица беа повредени. Во моментов претставници од надлежните институции вршат инспекција за да се откријат причините кои довеле до експлозијата.
Први кои стигнале до куќата биле некои од жителите кои ги повикале самите повредени.
Контактиравме со пожарникарите во Куманово, но тие ни рекоа дека нив никој не ги известил за ваков случај.
Evi Shkopi