Лавров: Нашите односи со ЕУ се уништени

Целокупната инфраструктура на односите со Европската унија е уништена со еднострани активности на Брисел, па сега Москва нема никакви односи со таа организација, рече министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на заедничката прес-конференција со неговиот кинески колега Ванг Ји.
„Ако Европа ги прекинe овие односи, едноставно со уништување на сите механизми што се создадени многу години, а нашите партнери остануваат само одделни европски земји кои сакаат да бидат водени од нивните национални интереси, тоа веројатно води кон побрз развој на нашите односи со Кина отколку што останува од односите со европските земји“, рече Лавров, кој е во официјална посета на Кина.
Шефот на руската дипломатија посочи дека „ако и кога Европската унија смета дека е ефикасно да се отстрани оваа аномалија во контактите со Русија“, Москва ќе биде подготвена да ги гради односите врз основа на еднаквост.
„Но, досега нема промени на Западниот фронт, ние имаме многу интензивна програма на Истокот, која секоја година станува сè побогата“, потенцира Лавров.