СВЕТ

Кина и Русија покажаа заедништво наспроти санкциите од Запад

Министрите за надворешни работи на Кина и Русија се состанаа за да покажат единство и повикаа на самит на постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) во услови на западни санкции против двете земји за кршење на човековите права и политички несогласувања, објави Радио Слободна Европа на англиски јазик.

Advertisements

Ванг Ји и Сергеј Лавров ги отфрлија критиките на Западот на заедничката прес-конференција во Пекинг на 23 март. Лавров во таа прилика рече дека Русија и Кина гледаат дека САД се обидуваат да се потпрат на воените и политичките сојузници од ерата на Студената војна во обид да го уништат меѓународниот правен поредок. Во заедничката изјава, Лавров и Ванг повторно го отфрлија, како што го нарекоа, странското мешање во нивните внатрешни работи.

„Неопходно е да се почитуваат легитимните права на суверените држави за самостојно да се утврди нивниот развојен пат.

„Мешањето во внатрешните работи на суверените држави под изговор на унапредување на демократијата е неприфатливо“, се вели во заедничкото соопштение.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button