ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Бројот на новозаболени со ковид за една недела пораснал за 26%

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 15 до 21 март, биле тестирани вкупно 24.517 граѓани. Во споредба со претходната недела, има зголемување за 26% на нови случаи со КОВИД-19. Најголем број се регистрирани во Скопје 49,9%, како и неделна инциденца од 557 на 100 илјади жители. Највисоката неделна инциденца е забележана во Неготино, 899. Во истиот период процентот на оздравени е зголемен за 22 насто, но за исто толку е зголемен и процентот на смртни случаи.