„Плагијати на ДУТ“, жестока кавга на Хаџиреџа и Беадини за неправилности на Медицинскиот факултет

Поранешниот ректор на Тетовскиот универзитет, Неџбедин Беадини и поранешниот декан, Кастриот Хаџиреџа се судрија со обвинувања и контра-обвинувања за плагијати на Медицинскиот факултет во оваа високонаучна установа.
Нема како да поверувам дека еден биолог работи научен труд за адемокарцином на простата, значи биологија, што јас самиот не се осмелувам да го правам како лекар, затоа што не е во моја чест, тоа е многу редок карцином на простата и треба да сте оперирале стотици и илјадници пациенти за да пронајдете таков карцином на простата.“
„Извини, те почитувам многу, но да кажеш дека професорот Беадини само затоа што е биолог не може да работи научен труд во медицината, тоа не е во ред. Ние сме професионалци, работиме 30 години, даваме дијагнози, даваме резултати и професор да каже дека професор не е компетентен да работи научен труд, тоа е голем апсурд. Од неискуство, од посветеноста што ја има како лекар затоа што е хирург, јас го разбирам хирургот, влегува во сала 5 часа и кога излегува не знае каде е.“
Беадини рече дека ниту како поранешен декан, ниту списанието „Веритас“, ниту кој било приватен софтвер не е надлежен за проценка на автентичноста на научните трудови, туку авторот на делото за кое се тврди дека е украдено. Тој најави дека ќе преземе одговорност во случај Просветниот инспекторат да докаже плагијат.
„Изедначете ја 30-годишната кариера и плагијатот на еден научен труд, нема проблем и тоа нема да го кажуваме сега, кога ќе се изјаснат институциите, тие ќе ја откријат вистината, ние ќе му се заблагодариме на албанскиот народ што ви направивме универзитет.“
Хаџиреџа возврати дека плагијатот што наводно го направил Беадини и некои други професори може да го констатираат сите граѓани, преку кој било софтвер на Интернет.
„Не верувам во списанието Веритас, јас верувам во фактите што ги објавија и ви кажав и претходно, никој нема обврска да ми верува мене. Нека го стави трудот во софтвер за плагијати и вистината ќе излезе на виделина.“
Пред неколку дена, списанието „Веритас“ објави скандалот со 7 професори на Медицинскиот факултет чии научни трудови биле плагијати. Поранешниот декан, Хаџиреџа поднесе претставка до Просветниот инспекторат, кој во понеделник започна контрола.
Anesa Salihu