ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Признанието на Захариева потврдува дека Заев преговара за македонскиот идентитет

Македонија е заглавена во патот кон ЕУ од концесиите на Заев кон брат му Бојко, кој ветил уништување на идентитетот, реагираат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Во партиското соопштение се додава:

Захариева кажа дека Заев прифатил да потпише дека македонскиот идентитет се одвоил од бугарскиот и тој настанал по 2 август 1944 година. Признанието на Захариева потврдува дека Заев преговара за македонскиот идентитет.

Разговорот на Заев со Борисов само потврдува дека Заев е на пат да го исполни ветеното. Заев ги прифатил најшовинистичките бугарски теории и негации кон Македонците и Македонија. Заев буквално го сече темелот на државата и прифатил дека се што било пред 1944 година не било македонско.

Заев не негираше ниту дека прифатил дека Илинденците и сите останати македонски револуционери се македонски бугари. Захариева го соголи Заев. А Заев ја соголил Македонија. Нашите позиции како држава се разнишани и уништени. Заев и лично виновен, затоа што почна да разговара за работи за кои не се разговара и отвори врата за блокади кон ЕУ.

Се поврдија сите тврдења на Христијан Мицкоски дека Заев преговара за идентитетот и за обезличување на Македонија. Заев е камен на сопнување за Македонија и нашиот пат кон ЕУ, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button