Бесими: Фискалната децентрализација значи подобри услуги за граѓаните

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во вечерашната емисија „Економски магазин“ рече дека фискалната децентрализација значи подобри услуги за граѓаните, транспарентност и отчетност за тоа што плаќаат граѓаните и какви услуги добиваат.
„Идејата за понатамошно продолжување на унапредувањето на процесот на фискална децентрализација лежи токму во она во што веруваме дека фискалната децентрализација ќе значи подобри услуги за граѓаните и во оваа смисла демократизација во контекст на директна отчетност за тоа што тие го плаќаат и услугите што ги добиваат. Нормално, ова како процес треба да биде составен дел од финансиското управување на државно ниво, што значи да се зголеми поголема транспарентност, поголема ефикасност на транспарентност и отчетност“, рече министерот Бесими.