
Учениците во Албанија денес седнаа на училишни клупи, но во целосно нов амбиент поради пандемијата КОВИД-19. Тие, се соочија и со правила за заштита од ширење на вирсуот, како што се далечина или носење маска. Од влезот на училиштето им се мери температурата и доколку е над 37 степени, нема да им биде дозволен влез. Учениците потоа ги дезинфицираат стапалата одејќи на растојание едни од други. На родителите не им беше дозволен влез. Учениците ќе имаат само една клупа за целата учебна година, каде покрај книги и лични предмети ќе имаат и средство за дезинфекција. Физичкото присуство во училиштата во Албанија беше прекинато пред шест месеци, со појавата на првите случаи на заразени со вирусот корона.