ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владејачкото мнозинство ќе бара начини за деблокирање на работата на Собранието

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска е закажана седница за поставување пратенички прашања, којашто се одржува секој последен четврток во месецот. Друга седница засега нема најавено на собраниската веб-страна, иако јавноста очекува пратениците да се изјаснат за законите поврзани со антикризните мерки. Премиерот Зоран Заев најави дека денеска пред седницата за пратенички прашања ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери и со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да се разгледаат одредени можности што стојат на располагање за деблокирање на Парламентот.

Advertisements

Владејачкото мнозинство во Собранието во моментот брои 62 пратеници, а двајца од нив беа позитивни на Ковид-19. Поради тоа мнозинството не може да обезбеди кворум за работа и да се гласа за одредени закони, доколку опозицијата не присуствува на седниците. Дополнително, пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива со над 32.000 амандмани блокираат 20 закони, меѓу кои и одлуката за продолжување на кризната состојба со околу 400 амандмани, поради неподдршката за нивниот Закон за државјанства.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button