ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Постигнат договор, Србија наскоро почнува со производство на „Спутник Ве“

Рускиот фонд за директни инвестиции и српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ објавија дека постигнале договор за производство на вакцина „Спутник Ве“.
Како што наведуваат српските медиуми производството може да започне до мај во фабриката во Торлак.
Со ова Србија ќе стане првата земја во Југоисточна Европа што произведува вакцина Спутник Ве, која ќе може да се извезува во другите земји во регионот, се вели во соопштението објавено на веб-страницата Спутник Ве.