МАКЕДОНИЈА
Адеми: Албанската опозиција го изгуби трпението, го блокира секој предлог – закон

Координаторот на ДУИ, Арбер Адеми ја обвини албанската опозиција дека се приклучил на шемата со ВМРО-ДПМНЕ. Тој дури рече дека албанските опозициски пратеници ја напуштиле денешната седница во моментот кога координаторот на ВМРО-ДПМНЕ им дал знак.
„Тенденцијата е да се блокира работата на Собранието со крајни услови и тие беа вклучени во шемата на ВМРО-ДПМНЕ. И денес, земете ги филмските снимки, доволно е координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Мицески, да ја помрдне раката и да ви каже да излезете, пратениците на Алијансата и Алетрнатва излегуваат еден по еден, пред пратениците на ВМРО. Уште пред да заминат пратениците на ВМРО, заминаа пратениците на Алијанса“, вели Адеми.