ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓани на Македонија на вакцина во Србија, потребно само закажување термин

Колони возила и гужви на граничниот премин Табановце. Илјадници државјани на Македонија утринава тргнаа за Србија откако тамошните власти најавија дека сите заинтересирани странски државјани ќе може викендов бесплатно да се имунизираат со вакцината на „Астра зенека“. Вакцинацијата се спроведува на неколку пункта на саемот во Белград, а освен од Македонија, има и граѓани од БиХ и Црна.

Advertisements

Дел од граѓаните се упатија на вакцинација откако претходно се пријавиле на српскиот здравствена електронски систем по што се добива покана со термин. Но, има и лица кои немаат закажано, туку само носат пасош. По примање на првата доза од вакцината, граѓаните електронски добиваат термин за ревакцина три месеци подоцна. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денешната слика од Табановце е одраз на неспособната на власта да обезбеди вакцини за своите граѓани.

„Денеска колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа покажува и колку народот им верува на властите кои најавија вакцини за утре. Државата постои за да им служи на граѓаните, само кај нас државата постои за да биде крадена од власта“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Според најавите, на скопскиот аеродром утре би требало да стигнат 24.000 вакцини „Астра Зенека“ преку заедничкиот меѓународен механизам Ковакс.

„Министерот за здравство и делегација во која ќе бидат членови на дипломатскиот кор, претставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН, утре на меѓународниот Аеродром во Скопје ќе ја пречекаат првата пратка на вакцини“, информираа од Министерството за здравство.

Со оваа пратка се очекува конечно да започне побројна имунизација на населението која неколку пати се одложуваше со месеци. Досега во Македонија се вакцинираа само 6 илјади здравствени работници со вакцините на „Фајзер“ кои стигнаа минатиот месец како донација од Србија и со уште 3.000 вакцини од руската „Спутник“.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button