ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните тргнати на страна, партиите газдуваат со локалните политики

Граѓаните се многу малку вклучени во креирањето на локалните политики кои се поврзани со подобрување на условите за живот. Тие дури велат дека локалните власти воопшто не ги прашуваат што им треба најмногу.

Advertisements

„Иницијативи нема до толку затоа што имаат тајни договори, сето тоа е опортунизам и шанса, судбина, среќа на човек, кој ако има корист индивидуално смета дека е решен целиот општествен проблем. Интересот на политиката е еден месец, т.е. само до победа на локални или парламентарни избори“…

“Не знам тука дали граѓаните имаат пристап до политиката, имаат само оние што ја водат државата“, велат анкетираните граѓани.

Од невладиниот сектор велат дека локалните власти постојано велат дека самите граѓани не се заинтересирани. Слаѓан Панев од Центарот за стратешки истражувања и документација – ФОРУМ, вели дека има потреба од поголема активност од страна на локалните власти, за на граѓаните да им се овозможат различни механизми да бидат вклучени во креирањето на политики. Тој додава дека до денес е докажано оти протестите се поуспешни од референдумите и другите активности.

Но, претставниците на локалната самоуправа велат дека проблемот лежи во што и понатаму не се префрлаат потребните овластувањата од централната власт.

„Малку доцниме со децентрализација и многу од надлежностите од централната власт треба да бидат пренесени кај локалната власт. Мислам дека клучниот проблем е тука, затоа што на граѓанинот првата адреса му е општината, а не Владата, затоа што не можат да стигнат таму за да имаат контакт. А, можностите нам не ни дозволуваат да обезбедуваме услуги што не се во надлежност на нашите општини“, рече Висар Ганиу, Потпретседател на ЗЕЛС.

Ганиу вели дека ЗЕЛС формирал комисија заедно со Владата да дискутира за надлежностите, а стагнацијата ја оправдува со пандемијата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button