Филипче: Пикот од вирусот е пред нас, масовна вакцинација од среда

Министерот за здравство Венко Филипче верува дека по пристигнувањето на првите вакцини преку Ковакс системот најавени за утре, в среда ќе почне масовната имунизација на населението.
Според него, следната недела ќе биде критична за состојбата со вирусот согласно проценката на промена на инциденцата во различни градови на државата. -Некаде веќе има умерено намалување а некаде се уште не и тоа го гледаме по протисокот во болниците. Мислам дека следната недела ќе биде критична, брановите обично трaaт шест до осум недели, веќе истекува шестата недела и се соглaсувам дека пикот можеби е веќе пред нас, рече Филипче во гостување на ТВ Сител.
Дополнителна рестрикција, како што рече, нема да даде резултати затоа што веќе вирусот е широко распространет.