ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Кина повторно погодена од песочна бура, регистрирано огромно загадување на воздухот

Пекинг го погоди силна песочна бура, по втор пат во изминатите две недели.

Advertisements

Невремето беше предизвикано од ветрови од областа на Монголија погодена од суша и на северозападна Кина.

Честичките познати како ПМ10 ја надминале количината на 2.000 микрограми на метар кубен во некои населени места, додека отчитувањата на помалите ПМ 2,5 честички се над 300 микрограми на метар кубен, што е далеку повеќе од стандардните 35 микрограми.

Кинеската метеоролошка служба издаде жолт аларм оваа недела, предупредувајќи на песочна бура што се шири од Монголија кон провинциите на северот на Кина, вклучително и Внатрешна Монголија, Шанкси, Лиаонинг и Хебеи околу Пекинг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button