
Неколку илјади жени денеска излегоа на улиците во Истанбул барајќи Турција да ја поништи одлука за повлекување од меѓународниот договор против семејното насилство.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела ги изненади европските сојузници, кога објави дека неговата земја се повлекува од Истанбулската конвенција.
Турција беше една од првите потписнички на Конвенцијата, а по одлуката на Ердоган жените наведоа дека нивната безбедност е загрозена.
Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, попозната како Истанбулска конвенција, е договор за човекови права на Советот на Европа против насилство врз жени и семејно насилство, кој беше отворен за потпис на 11 мај 2011 во Истанбул, Турција.