ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО и МВР без реакција за обвинителот кој натепа жена, случајот се става „под тепих“?

По повеќе од две недели откако обвинител од скопското обвинителство физички нападна жена, обвинителството сè уште нема покренато никаква дисциплинска постапка. Иако настанот се случи на 10 – ти март, од обвинителството веќе 16 дена изјавуваат дека чекаат службена белешка од МВР, иако полицијата нападот на обвинителот го има регистрирано во полицискиот билтен на дневни настани.

Advertisements

Од обвинителството посочија:

„До нас не е пристигнато ниту известување, ниту пак кривична пријава до овој момент“, наведоа од ОЈО.

Прашавме во МВР до каде е случајот и кога ќе испратат известување до обвинителството? Ни одговорија дека сè уште работат на случајот, а уште на 12 – ти март, МВР за настанот напиша:

„Според пријавителката, М.М. најпрвин започнал вербална расправија со неа, по што физички ја нападнал и ѝ се заканувал нејзе и на нејзиниот сопруг. Со лицата бил извршен разговор во полициска станица“, рекоа од МВР на 12.3.2021 година.

Обвинителот ја натепал четириесетгодишната скопјанка кога таа отишла да го види нејзиниот внук. Причина за посетата била тоа што социјални работници ја известиле оти малолетното дете е дома оставено само без родителска грижа. Таткото не бил дома, а мајката е почината веќе неколку години.

Кога го побарала таткото на детето, тој пристигнал со двајца адвокати. Пристигнал и обвинителот од скопското обвинителство кој ја нападнал и ѝ се заканувал.

Социјалните служби веќе известија дека разговарале со детето, а полицијата составила записник за негрижа. Од 10 – ти март нападнатата жена го нема видено малолетниот внук или откако социјалните служби констатираа родителка негрижа. Детето било оставано само дома по цели денови.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button