
Хеликоптер на американската армија се урна во провинцијата Хасака, на северот на Сирија, јави агенцијата САНА.
„Хеликоптер на американските окупаторски сили се урна во селото Тел Хадад во областа Јарубија“, наведува сириската агенција повикувајќи се на локални извори.
Според агенцијата, местото каде што паднал хеликоптерот било блокирано од оклопни возила на американската армија.
Други детали засега не се соопштени.