ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почина писателот и хроничар Данило Коцевски

По кратко боледување почина писателот и хроничар на Скопје, Данило Коцевски. Погребот се одржа денеска на Градските гробишта Бутел во присуство на семејството.

Advertisements

Данило Коцевски е роден во 1947 година во Куманово. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Како стипендист на француската влада престојувал во Франција (1981-1982).

Како дваесетгодишник (1967) професионално се вработува во редакцијата на весникот „Млад борец“, а подоцна преминува во културната редакција на тогашната Радио – телевизија Скопје (1973). Најпрвин бил член на редакцијата на познатото списание за уметност и култура „Разгледи“, а потоа и негов главен и одговорен уредник. Од 2008 – 2012 година ја извршувал функцијата директор на Струшките вечери на поезијата.

Добитник е на еминентни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, a негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Познат е и како хроничар на градот Скопје, со неколку издадени книги и повеќе документарни и телевизиски емисии посветени на градот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button