ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во последниве 24 часа двојно повеќе хоспитализирани отколу пуштени од болница

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 668 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 6 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а четири пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.