Судењата за Ласкарци и Тортура се одлагаат, информираат од Кривичен суд

Основниот кривичен суд Скопје, ги извести медиумите и невладините организации кои ги следат главните расправи за предметот поврзан со автобуската несреќа кај село Ласкарци и предметот во јавноста познат како „Тортура“, дека расправите насрочени за 30.03.2021 год. ( с.Ласкарци) и 02.04.2021 год. ( „Тортуа“) се одлагаат.
– Предметот К.бр. 1407/17 (Ласкарци) се одлага заради изолација и позитивен Ковид – тест на член на судечкиот совет и еден од бранителите, а следната расправа е насрочена за 20.04.2021 год. додека предметот К.бр. 1959/17 (Тортура) се одлага со оглед дека е доставено известување од еден од обвинетите дека е позитивен на Ковид – тест и се наоѓа во изолација. Следната расправа за овој предмет е насрочена за 15.04.2021 година, информираат од Основен кривичен суд Скопје.