
Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 287 случаи на инфекција со коронавирус, што е помалку од претходниот ден, но бројот на хоспитализирани е значително зголемен. Епидемиолозите велат дека е неизбежно ново 11-дневно затворање, почнувајќи од четврток.
Од 1174 тестови, во последниве 24 часа, добиени се 287 позитивни резултати, а во моментов хоспитализирани се 526 пациенти. Седумдневниот просек на нови инфекции постојано расте, а бројот на активни случаи е во пораст и сега е 12.424.
Од денес во Словенија од земјите во „црвената“ фаза на епидемијата може да се влезе само со негативен ПЦР тест.