ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Обвинителството да го реши случајот во кој обвинител натепа жена

Министерот за правда Бојан Маричиќ бара да се расчисти случајот од пред дваесет дена кога обвинител од скопското обвинителство физички нападна 40 годишна жена. Маричиќ очекува обвинителството да постапи и да го расветли случајот без оглед на тоа што станува збор за нивен колега.

Advertisements

„Државниот јавен обвинител има можност да иницира постапка за разрешување или покренување на друг вид на одговорност пред Советот на јавни обвинители за секој случај, па и за овој. Во овој случај очигледно е нарушен, да речам, имиџот на овој обвинител, но ние не можеме да коментираме, ниту да ја нарушиме презумпцијата на невиност“, рече министерот Маричиќ.

Алсат уште вчера побара одговор од Обвинителството како ќе постапат и дали ќе покренат дисциплинска постапка против обвинителот?

Минималната санкција е намалување на платата, додека максималната – негово разрешување.

Инаку, немилиот настан кога скопскиот обвинител натепа жена се случи на 10 – ти март. Четириесет годишната скопјанка пред да биде нападната, отишла да го види малолетниот внук, за кого добила известување од социјалните служби дека со денови седи сам дома без родителска грижа. Татко му не бил дома, а неговата мајка бил почината пред неколку години. Откако на скопјанката и се јавиле социјалните работници, загрижена отишла да го види внукот. Дошол таткото со двајца адвокати. Но, се појавил и обвинителот кој ја нападнал и ѝ се заканувал нејзе и на нејзиниот сопруг.

Случајот го пријавила во полиција, а жената отишла и на лекар кој ѝ констатирал повреди.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button