ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Хоспитализирана девојка поради згрутчување на крвта по вакцинација со АстраЗенека

Девојка од Македонија на возраст од 28 години со тромботични промени по примена вакцина е прв регистриран случај кај нас којшто се поврзува со вакцината на АстраЗенека, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој, девојката вакцината ја примила во Србија, а симптомите се појавиле 6-7 дена по вакцинирањето.

Advertisements

„Кај нас досега има регистрирано еден случај на девојка којашто има 28 години и од вчера се наоѓа на болничко лекување со таков тромботичен ефект којшто се поврзува со примена една доза на вакцината АстраЗенека“, рече министерот Филипче.

Тој додаде дека ќе има внимателност при употребата на оваа вакцина, особено по ограничувањето на нејзината употреба во Канада и во Германија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button